Достапни линкови

Грчките војници остануваат во притвор во Турција


Турција, мапа.

Турскиот суд денеска го отфрли барање за ослободување на двајцата грчки војници, кои минатата недела беа приведени на територија на Турција, откако, како што тврдат, залутале во услови на невреме и ја преминале границата меѓу двете земји.

Судот го одби барањето на адвокатот на двјцата војници и донесе одлука тие и натаму да останат во притвор.

Двајцата грчки војници беа приведени минатата недела од турската воена патрола откако при лоши временски услови, проследени со снежни врнежи, студ и силен ветер, залутале и ја преминале границата меѓу Грција и Турција во реонот на реката Марица.

Грчката Влада засега не ја коментираше судската одлука, туку само порача дека очекува враќање на војниците во Грција за брзо време.

XS
SM
MD
LG