Достапни линкови

Безбедносна закана за американската амбасада во Анкара


ТУРЦИЈА - Турските безбедносни членови стојат пред амбасадата на САД во Анкара. 5 март 2018 година

Турската полиција уапси четворица осомничени членови на Исламската држава, како дел од истрагата за можен напад врз Американската амбасада во Анкара, објавија турските државни медиуми.

Американската амбасада објави на својата веб-страница дека ќе биде затворена денеска поради неодредена безбедносна закана. Безбедноста беше зголемена пред зградата на американската амбасада, а полицијата ги претресуваше пешаците пред да им дозволи да влезат на улицата каде што се наоѓа главната порта.

Новинската агенција Анадолија објави дека полицијата уапсила четворица осомничени од кои сите ирачки државјани. Двајца од нив се уапсени во автобус при безбедносна проверка на автопат кој го поврзува пристаништето на Црното Море во Самсун со Анкара. Двајца други се уапсени во Самсун. Турската престолнина бележи бран напади во 2015 и 2016 година, во кои стотици беа убиени.

XS
SM
MD
LG