Достапни линкови

За „Тортура“ ќе му се суди и на Сашо Мијалков


Сашо Мијалков доаѓа на судење за предметот Таргет-Тврдина

Апелацискиот суд Скопје ја прифати жалбата на СЈО на одлуката на Кривичниот суд, со која поранешниот директор на УБК беше изземен од обвинението за случајот „Тортура“, потврдија за МИА од судот.

Постапувајќи по жалбата на СЈО, Апелацискиот суд го преиначи првостепеното решение и го одобри обвинението против Сашо Мијалков.

Во „Тортура" обинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфа" Ивица Антевски - Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Љубе Бошковски.

Во оваа постапка, првично од СЈО првообвинет беше Мијалков, но Кривичниот судот одлучи да им се суди само на шестемината од единицата „Алфа", но не и на поранешниот прв човек на УБК.

На оваа одлука СЈО поднесе жалба до Апелацискиот суд.

„Тортура“ се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Судењето за „Тортура“ требаше да почне на 28 февруари, но беше одложени и почна на 23 март годинава.

XS
SM
MD
LG