Достапни линкови

Транспаренси Интернешнел загрижен за интегритетот на шенген зоната


Знамето на ЕУ

Директорот на Транспаренси Интернешнел, Карл Долан изјави дека програмите на некои земји членки на ЕУ да продаваат визи и државјанства на богати странци се подложни на злоупотреба и корупција. Најмалку 10 земјиво шенген зоната ги применуваат програмите за државјанство или право на престој во замена за инвестиции.

Таков е случајот во Австрија, Белгија, Грција, Литванија, Летонија, Малта, Португалија, Шпанија и Швајцарија. Унгарија ја суспендираше програмата во минатата година. Според Долан, има загриженост дека програмите претставуваат закана по интегритетот на шенген зоната.

XS
SM
MD
LG