Достапни линкови

МААЕ: Неуспехот на иранскиот нуклеарен договор ќе биде голема загуба


Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано изјави дека неуспехот на договорот меѓу Иран и шесте светски сили од 2015 година со кој се ограничи нуклеарната програма на Техеран би бил голема загуба. Тој за време на говорот на состанокот на Одборот на гувернери на агенцијата порача дека Иран ги спровел сите обврски од договорот.

Американскиот претседател Доналд Трамп е остар критичар на како што ги нарекува „катастрофалните недостатоци“ на договорот. Тој во јануари постави рок од 120 дена за американските законодавци и европските сојузници да го поправат договор или во спротивно САД ќе се повлечат од него.

XS
SM
MD
LG