Достапни линкови

Украина ја обвинува Русија за нападите на унгарскиот културен центар


Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин

Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин сугерираше оти Русија е зад неодамнешните напади на унгарскиот културен центар во западниот град Ужхород. Тој и се заблагодари на полицијата за апсење на осомничените и изрази загриженост за како што ги нарече „обидите за дестабилизација“ на ситуацијата во Украина.

На 4 и 27 февруари беа фрлени молотови коктели кон зградата на културниот центар. Нападите предизвикаа тензии меѓу Украина и Унгарија, која ги обвини властите дека не успеала да ги заштити етничките Унгарци.

XS
SM
MD
LG