Достапни линкови

ЕУ ги пролонгираше санкциите за Јанукович


Виктор Јанукович

ЕУ ги пролонгираше санкциите против поранешниот украински претседател Виктор Јанукович и 12 негови соработници за уште една година, но ги укина рестриктивните мерки против екс министерката за правда Олена Лукаш и бизнисменот Сехиј Кљуев за кои немало доволно докази.

Лукаш беше на функцијата помалку од една година. Кљуев беше пратеник и сопственик на резиденцијата на Јанукович на периферијата на Киев која сега е музеј. ЕУ го замрзна имотот на Јанукович и неговите најблиски соработници по колапсот на неговата влада во февруари, 2014 година.

XS
SM
MD
LG