Достапни линкови

Средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Мицкоски и Ахмети


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети денеска на средба во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, разговарале за актуелната политичка ситуација.

По разговорите двајцата во изјава за новинарите оценија дека средбата била конструктивна и оти договориле да продолжат со комуникацијата.

Мицкоски, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е ориентирана кон ЕУ и НАТО интеграциите и ќе придонесе кон поквалитетни реформи. Во врска со Законот за употреба на јазиците, Мицкоски истакна дека ова не биле преговори, туку само ги аргументирале позициите. Го повтори и партискиот став дека засега нема услови за нивно враќање во Собранието

Ахмети изјави дека во интерес на двете партии е стабилноста на земјата и напредок во имплементирање на реформите.

Ова е прва официјална средба на лидерите на двете партии откако Мицкоски стана лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG