Достапни линкови

Словачката полиција ги пушти Италијанците осомничени за убиството на истражувачки новинар


Граѓаните на Словачка палат свеќи пред фотографиите на убиените Мартина Кушнирова и Јан Кучијак

Словачката полиција ослободи седумтемина Италијанци кои беа уапсени под сомнение за убиството за истражувачкиот новинар Јан Кучијак и на неговата девојка. Тие беа уапсени во четвртокот кога полицијата изврши рации во куќи наводно поврзани со членови на италијанската мафија. Полицијата денеска потврди дека тие се ослободени, но не даде дополнителни детали. Ослободените се на возраст меѓу 26 и 62 години.

Телата на 27-годишниот Кучијак и неговата девојка Мартина Кушнирова беа пронајдени со прострелни рани на 25 февруари. Кучијак работел новинарско истражување за активностите на италијанската мафија во Словачка и нејзините врски со луѓе блиски до премиерот Роберт Фицо.

Илјадници луѓе вчера учествуваа на протестите против корупција организирани во цела Словачка после убиството на новинарот. На протестот во Братислава имаше околу 25 илјади луѓе.

Американското ФБИ, британскиот Скотланд јард и Европол и помагаат на словачката полиција во истрагата за убиството.

XS
SM
MD
LG