Достапни линкови

Владата ќе го преземе управувањето со отпад


Илустрација: Дива депонија во Скопје.

Владата времено да го преземе од општините управувањето со цврстиот отпад, предложи вечерва премиерот Зоран Заев на средба со градоначалниците од државата. Според него нема поместување во справувањето со отпадот:

„Начинот на организирање на сметот е сериозна економска дејност која учествува во БДП на државата. Ако бидеме паметни ќе создадеме дополнителна вредност во Република Македонија“, рече Заев.

Претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов исто така оцени дека постојниот систем за справување со цврстиот отпад е субстандарден и неефикасен.

„Потребно е да го разгледаме предлогот на Владата и ресорното министерство кој се однесува на воспоставување регионален систем, односно основање регионални депонии и изградба на потребната инфраструктура во согласност со планот што го има државата во делот што се однесува на управувањето со отпадот“, рече Шилегов.

Министерот за животна средина Садула Дураки рече дека општините првично треба да донесат одлука за делегрирање на правото за спроведување и реализирање на регионалните депонии на центрланата власт и локациите каде што ќе бидат изградени овие депони кои се утврдени со физибилити студи, да се прифатат од страна на општините како што се утврдени.

XS
SM
MD
LG