Достапни линкови

Стечајните работници задоволни од измените на законот


Архива: Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Претставниците на стечајните работници изразија задоволство поради измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, предложени од страна на Министерството за труд и социјална политика откако министерката Мила Царовска денеска се сретна со претседателка на Здружението на стечајни работници - УНИТ Лилјана Георгиевска и регионалните координатори на здружението.

Владата минатата недела ги усвои измените и предлог-законот е веќе во собраниска процедура, соопшти Министерството.

Согласно Законот за стечајци што беше донесен во септември 2017 година, досега се издадени решенија на 2.732 стечајни работници ,а со овие измени треба да бидат опфатени дополнителни 1.900 лица.

XS
SM
MD
LG