Достапни линкови

МВР: Бекир Асани имал само вербална расправија со полицајката


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со полициската службеничка Јасмина Јаначковска во врска со вчерашниот настан во кој таа беше вербално нападната додека извршуваше работни задачи на крстосницaтa на булевар "Гоце Делчев" и улица "Филип Втори" во Скопје.

Јаначковска, како што соопштуваат од МВР, на прашањето од министерот дали имало било каков физички контакт и зошто полициската службеничка побарала медицинска помош, таа објаснила дека со Бекир Асани имала само вербална расправија, меѓутоа при повлекување од местото на настанот таа се удрила со левата рака во специјалното возило „пајак“ и не се здобила со посериозна повреда.

Инаку, Асани е експретседател на огранокот на ДУИ во Чаир и по настанот полицијата му констатираше прекршок по чл. 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

XS
SM
MD
LG