Достапни линкови

За претседателот на Антикорупциска случајот со патните трошоци е инструиран


Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција, Игор Тантуровски

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција, Игор Тантуровски изјави денеска дека не чувствува одговорност за ревизорските извештаи, бидејќи не бил посочен во нив и од тие причини нема намера да поднесе оставка на функцијата.

Според него, случајот е инструиран, а извештајот кој бил за внатрешна употреба со неговото вадење во јавноста има за цел да се дискредитираат членовите и комисијата. Тој на средбата со Комисијата за политички систем во Собранието посочи и дека извадени се само сегменти од извештајот и гарантира дека во институцијата со која тој раководи нема корупција.

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на Државната комисија за спречување на корупција.

Ревизијата на УЈП, како што објавија медиуми, констатирала нерегуларности со тоа што на членови на ДКСК им биле исплаќани патни трошоци за доаѓање на седници врз основа на неверодостојни патни налози. Некои од нив не доаѓале на работа, туку само на седници и поднесувале по три патни налози за ист ден.

XS
SM
MD
LG