Достапни линкови

Аманатидис: Има политичка волја, Грција бара ерга омнес за името


Заменик шефот на грчката дипломатија, Јанис Аманатидис

Заменик шефот на грчката дипломатија, Јанис Аманатидис во интервју за првата програма на државното радио истакна дека македонскиот премиер Зоран Заев преку неговите изјави на силен начин ја изразил политичката волја за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името. Како пример за тоа, тој го посочува преименувањето на аеродромот и автопатот и „отстранувањето на симболите на иредентизмот“.

Но, според него, тие треба да се задржат на суштината на преговорите. Грција, потенцира тој, бара ерга омнес, односно име за севкупна употреба. Аманатидис избегна да ги коментира преговорите, но порача дека во процесот има волја и од двете страни.

XS
SM
MD
LG