Достапни линкови

Јункер: Датумите не се важни, нема отстапки во условите за прием во ЕУ


Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер на денешната прес-конференција со бугарскиот премиер Бојко Борисов

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјави денеска дека по посетата на државите од Западен Балкан се враќа во Брисел со обновено уверување дека местото на регионот е во ЕУ. Тој за време на прес-конференцијата во Софија порача и дека датумите се помалку важни и не може да се направат никакви отстапки во однос на условите за прием, бидејќи тоа не би било во интерес за државите од регионот и за ЕУ.

Јункер, како што наведе, во сите држави констатирал сличен елан и желба за спроведување на реформите кои мора да бидат имплементирани до членство. Тој порача и дека е неопходно сите држави што сакаат членство во ЕУ да престанат со билатералните конфликти.

XS
SM
MD
LG