Достапни линкови

Бомбите ќе се користат како доказ во „Траекторија“


Поранешниот премиер Никола Груевски пред Кривичниот суд

Во Кривичниот суд денеска започна рочиштето за случајот „Траекторија“ на СЈО во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, екс министрите Владимир Пешевски и Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Судот го отфрли барањето на Груевски СМС пораките да не се користат како доказ во случајот.

Обвинетите се теретат дека во 2012 и 2013 година презеле дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево - Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања и му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

XS
SM
MD
LG