Достапни линкови

Путин порача дека на Русија и треба подобар животен стандард


Рускиот претседател Владимир Путин се упатува накај говорницата за да го одржи неговото традиционално обраќање до нацијата

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русија треба да се фокусира на зголемување на животниот стандард за сите граѓани. Во традиционално обраќање до нацијата тој порача Русија треба да постигне технолошки напредок со цел да ја постави основата за иден развој.

Говорејќи пред стотици законодавци и претставници на власта, Путин предупреди дека Русија ризикува да ја загуби својата сувереност доколку не успее да оствари економски напредок. Според него, потребни се мерки и за справување со сиромаштијата и потребни се чекори за подобрување на здравствениот систем во земјата.

XS
SM
MD
LG