Достапни линкови

Јункер: Косово да го ратификува договорот за границата со Црна Гора


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и косовскиот претседател Хашим Тачи

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на косовските власти им порача да работат на патот кон ЕУ. а на пратениците да го ратификуваат договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Тој изрази задоволство, што заедно со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседство Јоханес Хан, токму во Приштина ја завршува балканската турнеја.

" Важно е вашето Собрание што побрзо да гласа за демаркација со Црна Гора. Тоа е неизбежен клучен чекор кон визната либерализација", изјави Јункер на заеднчката прес-конференцја со косовскот претседател Хашм Тачи.

Тој исто така посоветува дека косовските власти треба поенергично да се борат против криминалот и корупцијата.

"Ние сакаме односите меѓу Косово и Србија да бидат поставени на нова основа. Од суштинско значење е Косово и Србија да ги регулираат своите односи и да се движат кон Европа", додаде Јункер.

XS
SM
MD
LG