Достапни линкови

Бизнисмени од Саудиска Арабија во посета на Македонија


Знамето на Саудиска Арабија

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери на денешната средба со делегацијата на стопанственици од Саудиска Арабија се заложил во рамки на неговите надлежности за што поскоро потпишување на договор за поттикнување и заемна заштита на инвестициите и договор за слободна трговија.

Џафери оценил дека има огромен простор за интензивирање на соработката на економски план и нагласил дека Македонија, иако е мала земја, има многу добри услови и олеснителни околности за инвестирање.

Бизнис-делегацијата од Саудиска Арабија, составена од 12 бизнисмени, секоја година одржува собири во различни држави од светот со цел откривање на потенцијални можности за проширување на нивното делување. Годинава, на предлог на македонскиот амбасадор Абдулкадар Мемеди, бизнис-делегацијата одлучи редовниот годишен собир да го одржи во Скопје.

" Имајќи предвид дека 12-те бизнисмени се претставници на субјекти кои работат и надвор од границите на Саудиска Арабија и кои заедно имаат вкупно над 10 милијарди долари годишен обрт, нивната посета претставува одлична пригода и Република Македонија да ги презентира своите инвестициски можности" се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Како што информираат оттаму делегацијата од Саудска Арабија се интересирала за прехранбената индустрија и за тоа дали Република Македонија може да воспостави стандарди за обезбедување солиден и континуиран квалитет на земјоделските производи наменети за извоз

XS
SM
MD
LG