Достапни линкови

Јункер, Хан и Могерини во посета на Косово


Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер придружуван од високата претставничка Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан пристигнаа во Косово по посетата на Сараево.

Делегацијата на ЕУ се среќава со премиерот Хашим Тачи, претседателот на парламентот, Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај. Планирана е нивна средба и со граѓаните на Косово, медиумите, граѓанското општество, претприемачи, студенти, наставници, младите од политичките партии, уметници, културни работници и спортисти.

Нивната посета на земјата е е дел од балканска турнеја, а се совпаѓа со денот кога во Собранието, требаше да се одржи вонредна седница за ратификација на договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора.

Но косовскиот Парламент и по денешниот трет обид не успеа да го ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Само што почна седницата беше соопштено дека координаторите на пратеничките групи, се договориле да се одложи за следната недела за да им се даде простор да размислат околу нивниот став. Ратификација на овој договор е еден од последните условите на Европската комисија за визна либерализација на Косово.

XS
SM
MD
LG