Достапни линкови

Порошенко: Kонфликтот на истокот на Украина не е замрзнат


Претседателот на Украин,а Петро Порошенко

Претседателот на Укарина, Петро Порошенко изјави дека конфликтот меѓу сепаратистите поддржани од Русија и украинските вооружени сили во источниот дел на земјата не е замрзнат. На прес-конференција во Киев, Порошенко рече дека клучен предизвик за Украина во 2018 година останува тековната војна на Руската Федерација против Украина.

Порошенко додаде дека ризикот од руската војна против Украина се намалува благодарение на зајакнувањето на вооружените сили на Украина и континуираните санкции против Русија. Но, додаде дека мерките не ја доведуваат во целост заканата на Русија на нула.

"Во изминатите 24 часа 300 минофрлачки гранати беа лансирани од сепаратистите со поддршка на Русија на исток", рече Порошенко.

Според Порошенко, неодамна усвоениот закон за реинтеграција на териториите контролирани од сепаратистите во регионот Донецк и Луганск, поддржува дипломатско решение за конфликтот и распоредување на мировници на ОН во регионот.

"Ќе дадам се од себе да ги доведам мировниците во регионот што е можно поскоро, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречат убиствата на Украинците таму", рече Порошенко.

Од април 2014 година, повеќе од 10.300 луѓе се убиени во борбите меѓу киевските сили и сепаратистите кои контролираат делови од регионот Доњецк и Луганск.

XS
SM
MD
LG