Достапни линкови

Убиени 5 полицајци и киднапирани 30 лица во Авганистан


Припадници на авганистанската полиција

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 5 полицајци биле убиени, а 30 други лица се киднапирани во два одделни инциденти на јужниот дел од земјата. Според нив, бил нападнат полициски контролен пункт во покраината Кандахар при што биле повредени и пет полицајци.

Од локалната полиција соопштија дека се преземаат напори за ослободување на киднапираните лица. Се уште никој не презема одговорност за нападите.

XS
SM
MD
LG