Достапни линкови

Одложено судењето за „Тортура“, СЈО го бара и Мијалков


Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски донесен на распит во Специјалното јавно обвинителство на 15 февруари 2016. Фото: novatv.mk
Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски донесен на распит во Специјалното јавно обвинителство на 15 февруари 2016. Фото: novatv.mk

Судијката Моника Бахчовановска, сопруга на поранешниот висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Бахчовановски, која го ценела обвинителниот акт, претходно одлучи дека нема основа за сомнение дека поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков бил поттикнувач на тортурата и оти пред суд треба да бидат изведени само полицајците што го го апселе Љубе Бошкоски. СЈО поднесе жалба на ваквата одлука и сега се чека одлука на Апелациониот суд.

Судењето против Алфите обвинети за апсењето на Љубе Бошкоски е одложено. СЈО бара на обвинителна клупа да седне и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како нарачател на суровото постапување со Бошкоски. Судењето е одложено додека Апелациониот суд да одлучи дали да му се суди и на Мијалков.

Шестмина полициски Алфи, меѓу кои и поранешниот командир на единицата, Ивица Антевски – Пуки, се обвинети за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, во случајот Тортура на СЈО, за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, ден по изборите во 2011 година. СЈО го обвини и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков како нарачател на нечовечкото постапување со Бошкоски. Судијката Моника Бахчовановска, сопруга на поранешниот висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Бахчовановски, која го ценела обвинителниот акт, претходно одлучи дека нема основа за сомнение дека Мијалков бил поттикнувач на тортурата и оти пред суд треба да бидат изведени само полицајците што го апселе Бошкоски. СЈО поднесе жалба и сега се чека одлука на Апелациониот суд.

Бошкоски денеска пред судот рече дека се надева дека правната држава конечно ќе профункционира и оти сите ќе ги стигне правдата, но, како што рече, не сака да прејудицира дали Мијалков треба да одговара за неговото апсење.

„Целата македонска и светска јавност слушна во каков тоталитарен режим живееше Република Македонија и навистина нити чувствувам некоја специјална потреба за тој лик да го видам на судењата, но ако судот одлучи дека тој треба да се појави, тогаш сигурно ќе се појави“, рече тој.

Бошкоски додаде дека полицајците што го апселе ги гледа прв пат по седум години.

„Истите ликови се, но сега не се толку расположени како тој ден, кога ја извршуваа задачата од наредбодавецот, од нивниот шеф, во ликот на тогашниот шеф на државната безбедност, на УБК“, рече тој.

Љубе Бошкоски беше уапсен на 6 јуни 2011 година, ден по парламентарните избори, за незаконско финансирање на предизборната кампања. Опозицијата тогаш обвини дека апсењето е одмазда за жестоките напади од Бошкоски против Мијалков во текот на предизборната кампања.

Во една од „бомбите“ што пред две години ги објавуваше тогаш опозицискиот СДСМ, се слуша како Мијалков се фали со апсењето на Бошкоски и нарачува како тој настан да биде медиумски покриен.

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00
Директен линк

„Лежеше таму едно пола саат на стомак, врзан со лисици, дојдоа новинари го испосликаа, го направија лом, вриштел Сашо Мијалков ме намести, солзи течел.“

„А бе лежеше тука 40 минути, сите го гледаа бе, па го свртеа со главата према веце со лисиците, народ гледа.“

„Што ти реков јас од понеделник почнувам да апсам. Ти реков ли? Ама пази, завршија изборите и утре дента, дагау“, се слуша во еден од разговорите, според СДСМ, воден меѓу Мијалков и уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас.

please wait

No media source currently available

0:00 0:03:39 0:00
Директен линк

„Јас ветив една работа, дека од понеделник апсам. Не можев да чекам. Чекав 5 јуни, кампањата да пројде, да видиме кој е кој и од 6 си почнувам со апсење“, се слуша во друг разговор, кој според СДСМ, се води меѓу Мијалков и сопственикот на Канал 5, Емил Стојменов.

Следното рочиште за „Тортура“ е закажано за 23 март.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG