Достапни линкови

Повреден полицаец и приведено едно лице на протестите


Протест во Скопје за одбрана на името на државата

МВР соопшти денеска дека за време на синоќешните протести бил повреден полицаец кој го обезбедувал седиштето на ЕУ во Скопје. Според МВР, од страна на неколку лица биле фрлани камења кон зградата на ЕУ- Инфо Центар, при што со еден камен е погоден полициски службеник во пределот на левата надколеница.

Едно лице било приведено на протестите, бидејќи како што се наведува во соопштението, кај него биле пронајдени молотови коктели. Во текот на протестот, информираат од МВР, од страна на неколку непознати лица биле запалени знамињата на Грција и на Албанија.

XS
SM
MD
LG