Достапни линкови

Јункер: Црна Гора е пример за останатите од Западен Балкан


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во црногорскиот парламент.

Црна Гора има силна волја да влезе во Европската унија и нејзината судбина е во ЕУ, изјави денeска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во црногорскиот парламент. Тој ги пофали постигнувањата на Црна Гора во процесот на европската интеграција, но предупреди дека не треба да се мешаат брзината и квалитетот на реформите.

Јункер додаде дека Црна Гора може да им служи како пример на останатите држави од Западен Балкан.

Јункер ја повика опозицијата да се врати во парламентот и оцени дека е важно да се воспостави дијалог и да се донесе „нова свежина“ околу целта - членство во ЕУ.

Во Парламентот во Подгорица, денеска немаше претставници на опозицискиот Демократски фронт, кои се вратија во пратеничките клупи кон крајот на минатата година, како ни претставници на „граѓанската“ опозиција, кои од изборите во октомври 2016 година ја бојкотираат работата на Парламентот.


XS
SM
MD
LG