Достапни линкови

Санте плус остана без дозвола


Илустрација

Министерство за здравство и ја одзеде дозволата за работа на Санте Плус, соопштуваат од Министерството. Во соопштението се наведува дека при инспекција е утврдено дека имало неправилноста во работата на болницата во однос на кадар и во однос на опрема, по што Министерството донело решение да и се одземе лиценцата на приватната болница „Санте Плус гроуп‘‘.

Во соопштението наведуваат дека нема да го коментираат обдукцискиот наод, бидејќи е предаден во Основното јавно обвинителство, кое отвори истрага за случајот со смртта на родилката од Кичево. Таа почина при породување со царски рез, од задушување поради грешно поставање на анестезијата, покажа обдукцијата.

XS
SM
MD
LG