Достапни линкови

Приведен советник во Шуто Оризари оти барал поткуп


Приведен е советник на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, оти барал мито, јавува МИА повикувајќи се на извори во истрагата. Советникот на градоначалникот побарал пари за легализација на куќа. Тој ги добил побараните пари, но тие претходно биле обележани. Советникот во општината е однесен во полициска станица.

XS
SM
MD
LG