Достапни линкови

Заев ги кажа четирите опции за името


Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, Швајцарија

Македонија предложи четири опции за решавање на деценискиот спор со Грција за името, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за агенцијата Ројтерс.

Предлозите се Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје), вели Заев.

Македонија се надева дека прашањето за името може да се реши на време за да добие препорака за почеток на преговори со ЕУ во јуни и потврда на поканата за прием во НАТО во јули годинава, и предлага географска одредница во своето име.

Премиерот вели дека останува отворено прашање дали постои „вистинска потреба“ за промена на Уставот на Република Македонија, нешто што Грција го бара последниве месеци.

Премиерот вели дека доколку решението е достоинствено, граѓаните ќе го поддржат тоа решение на референдум. Запрашан дали Грција ќе биде задоволна со една од овие опции, одговара дека некои опции веќе ги преферираат, додека други не (во однос на името). Заев изјавата за Ројтерс ја даде по самитот на Западен Балкан одржан во Лондон.


XS
SM
MD
LG