Достапни линкови

Меј и Џонсон со поддршка за влезот на Македонија во ЕУ и во НАТО


Британската премиерка Тереза Меј

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи имале одвоена средба со британската премиерка Тереза Меј и министерот за надворешни работи Борис Џонсон за време на приемот во чест на шефовите на владите на земјите од Западен Балкан во Лондон. На средбите, како што соопшти владината прес-служба, бил изразен интерес за спроведувањето на реформите во Македонија, како и за добрососедските односи и за проектите во регионалната соработка.

Заев информирал за најновите активности на Владата во евроатлантските интеграциски процеси и нагласил дека очекува Македонија да добие препорака за отпочнување на преговорите со ЕУ и земјата да биде 30-тата членка на НАТО во 2018 година. Меј и Џонсон, според соопштението, ја изразиле силната поддршка за Македонија во аспирациите за членство во ЕУ и НАТО.

XS
SM
MD
LG