Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Не сме организатори на утрешниот протест, но го поддржуваме уставното право на протести


Архивска фотографија-седиштето на ВМРО ДПМНЕ

Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протести, тие ќе бидат јавно најавени и граѓаните ќе бидат повикани масовно да се придружат, рече денеска одговарајќи на новинарско прашање Александар Нацев од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ го поддржува уставно загарантираното право за учество и организирање на протести. Во однос на протестот закажан за утре, ВМРО-ДПМНЕ не е организатор на истиот. Доколку ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да организира протести јавноста ќе биде навреме известена за природата на тој протест“ рече Нацев.

За утре неколку здруженија и иницијативи најавуваат таканаречен семакедонскиот протест кој треба да почне во 18 часот пред Мисијата на Европската унија во Скопје, па оттаму по булеварот „Свети Климент Охридски“ и улицата „Димитрие Чуповски“ да заврши пред Собранието на Република Македонија.

Организаторите бараат безусловен крај на разговорите за името, повлекување на Законот за употреба на јазиците, повлекување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија и итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.



XS
SM
MD
LG