Достапни линкови

Дежурни екипи на терен, сообраќајот отежнат


Снег во Скопје

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните служби на ЈП Македонија пат.

Од Јавното претпријатеие потсетуваат дека забрани за тешки товарни возила се уште се во сила на патните правци Крак-Маврово-Дебар, Крак-Стража-Кичево и на планинските премини Преска и Ѓавато.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот, а информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

XS
SM
MD
LG