Достапни линкови

Катругалос: Бараме траeн и комплетен договор за името


Архивска фотографија-споменикот на Александар во Солун

Трајно и комплетно решение, кое во иднина нема да се промени и нема да остави простор за иредентизам, се двете карактеристики на договорот што Грција го посакува со Македонија, рече грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.

Говорејќи за радиото 247, Катругалос рече дека Грција сака решение и тоа не било какво решение. Според него, потребно е во името да нема простор во иднина земјата одново да се сврти кон иредентизам или пак да има „какво било оспорување на грчкиот карактер, на историскиот карактер на нашата Македонија“, јави дописникот на МИА од Атина,

„Договорот треба да има и други две карактеристики: да биде комплетен, да не остава нeодговорено ниту едно прашање и главно, треба да биде траен. Да не биде, да го решиме или се правиме дека го решаваме сега, а да се врати по три години. Во однос на тоа треба трајно решение, неопходна е уставна реформа, уставна ревизија“, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија

Според меѓународниот договор, вели Катругалос, нашата земја ќе треба да има обврска не само да го ревидира Уставот таму каде што треба, туку и во иднина да нема спротивна постапка, да ги врати работите како што се сега. Катругалос објасни дека употребата на ерга омнес, ќе стапи во сила веднаш штом се потпише договорот, а ќе треба да има обрзувачка клаузула за промена на Уставот и уставното име.

XS
SM
MD
LG