Достапни линкови

Во Словачка убиен истражувачки новинар и неговата девојка


Јан Куцијак

Словачката полиција соопшти дека 27 годишниот истражувачки новинар Јан Куцијак и неговата девојка биле убиени во нивниот дом во градот Велка Маца, кој се наоѓа на 25 километри од Братислава. Шефот на полицијата Тибор Гашпар изјави дека убиството најверојатно е поврзано со истражувањата на новинарот.

Куцијак работеше за Актуалити.ск а неговата последна сторија за веб страната се однесуваше на сомнежи за даночно затајување поврзано со изградбата на луксузни станбени комплекси во Братислава.

XS
SM
MD
LG