Достапни линкови

Шеќеринска: За членство во НАТО потребно е решение за името


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска по потпишувањето меморандум за соработка со Факултетот за безбедност во домот на АРМ изјави дека Македонија работи на внатрешната безбедност и на членството во НАТО. Според неа, Македонија не треба да се надева на датум за отпочнување на преговори со ЕУ, но очекува извештајот на Европската комисија во април и заклучокот на земјите-членки на НАТО да покаже дека Македонија ги совладала предизвиците.

„Нашата цел како Влада беше да ги тргнеме сите резерви околу тоа дали Македонија заслужува членство во НАТО и ЕУ. Јас сум убедена дека тоа ќе го постигнеме“, изјави Шекеринска.

За Македонија да ја добие поканата за НАТО во јуни, како што наведува Шеќеринска, потребно е решение за спорот за името што зависи и од Грција. Според неа, ако не постои волја за решение, тогаш решение нема да има.

XS
SM
MD
LG