Достапни линкови

Коментари со „дрва и камења“ против промена на името


Oтстранети буквите од натписот на скопскиот аеродром Александар Велики, кој сега ќе се вика „Скопје“.

Информациите кои се однесува на преговорите за името и за посета на некој странски функционер на земјата, предизвикале најмногу коментари, најголем дел од нив со навредлива содржина.

Социјалните мрежи одамна се претворени во место каде што посетителите на нечија веб-страница фрлаат дрва и камења по одредени информации доколку не го кажуваат она што тие самите го мислат и што би сакале тие да го слушнат. Со тоа што „дрва и камења“ е најблагиот израз што можеме да го кажеме.

Вулгарни пцовки, клетви до седмо колено, навреди по национална линија, сите функции на човековата анатомија се „прошетуваат“ и на веб-страницата на РСЕ, особено ако информацијата се однесува на преговорите за името или посета на некој европски функционер, како посетата на претседателот на ЕК, Јункер на земјава, кој се изрази пофално за досегашните чекори на полето на некои реформи во државава, кој за Бранко Витанов бил на „платниот список на Сорос како и другите челници на ЕУ“.

Јункер: Македонија е на добар пат до неусловена препорака
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Или, пак, интервју со некој грчки политичар кој, си кажува свои лични и политички ставови на својата партија во врска со некои прашања за нашето уставно име. Како на пример неделното интервју на нашево радио со пратеникот на владејачката Сириза од регионот на Солун, Димитрис Мардас. За Гого МБ, на пример, пратеникот има „помрачен ум, Хитлеровата филозофија“, вели, „е закопана“. Златко Стојановски му порачува да им се заблагодарел на Русија, Франција и Англија „што ви дадоа држава“. Милутин Цветковски дури постирал: „Ако не постои Македонија и Македонци, овој е од СДСМ“.

Многумина од посетителите на нашата веб-страница го напаѓаат РСЕ дека било спонзорирано „да работи против Македонците“, како што смета потпишан со Крис Македон или зошто како медиум сме им давале „право на негатори на нашата нација да даваат решенија за затворот во кој нè затворија“, како што гласи коментарот на Симона Александар Стојановски. Бобан Вукелиќ, меѓутоа, забележува: „Од стручниве коментари се гледа дека повторно се будат интелектуалците од ВМРО. ЗАБЕГАНИ!“ – напишал со големи букви.

Мардас - Сложеното име не ја рефлектира историската реалност
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:12 0:00

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG