Достапни линкови

Заев: Подготвени сме да прифатиме географска одредница


Премиерот Зоран Заев

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за германски „Шпигел“ изјави дека не би се осмелил да мисли дека не може да има решение за спорот за името. Тој смета дека и Грција сака да најде решение за името, но тоа мора да биде решение кое им овозможува на двете страни да го заштитат својот идентитет и достоинство. Според него, тоа ќе биде многу тешко.

На прашањето дали Македонија има територијални претензии кон Грција, тој ја отфрла таквата веројатност. Во однос на додавањето на географска одредница, Заев порачува дека тоа е прифатливо за властите.

„Во минатото, тоа беше табу тема за нас. Сепак, како премиер на Македонија, сега можам официјално да објавам дека е прифатливо за нас, бидејќи тоа е факт. Македонија е историски регион лоциран во три земји: нашата земја, Грција и Бугарија. Нашата земја е северниот или горниот дел. Јужниот дел е во Грција, источниот во Бугарија. Ова се факти и не треба да сме против фактите. Бидејќи ние разбираме и прифаќаме дека Грците сакаат да имаат разлика, ние сме подготвени да прифатиме географска одредница“, вели Заев.

Заев истакнува и дека не гледа рационални аргументи за потребата на Грција да не го преведува името на меѓународно ниво. На прашањето дали Македонија ќе го промени Уставот тој со сличен став.

„Ова име е нашата гордост и нашиот идентитет. Не гледам причина да бараме тоа да се промени во Уставот, што би било неспојливо со нашето достоинство. На Грција му треба сигурен партнер, а не партнер без достоинство. Уставот може да се промени и промените исто така можат да се променат. Најважна гаранција за Грција е дека решението за спорот за името е важечко. Ова е одговорност на меѓународните договори, кои се ратификувани и последователно важат за меѓународните комисии“, наведува Заев.

XS
SM
MD
LG