Достапни линкови

ОН бараат прекин на огнот во Сирија


Генералниот секретар на ОН, Антионо Гутереш

Генералниот секретар на ОН, Антионо Гутереш ги повика завојуваните страни во Сирија веднаш да спроведат прекин на огнот од 30 дена. Говорејќи на отворањето на годишната сесија на Советот за човекови права на ОН, тој порача дека хуманитарните организации се подготвени да обезбедат помош и да ги евакуираат повредените од бунтовничката енклава во источна Гута во близина на Дамаск.

„Источна Гута не може да чека, време да да се запре овој пекол на земјата“, рече Гутереш во Женева.

Советот за безбедност на ОН пред два дена ја усвои резолуцијата во која се бара еден месец примирје без одложување во Сирија.

XS
SM
MD
LG