Достапни линкови

Јункер: Препораката за ЕУ нема да биде условена


Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во Скопје.

„Не дојдовме за да ви соопштиме датум за почеток на преговори туку да ви кажеме дека сте на добар пат и ако продолжите на тој пат на реформи за неколку месеци ќе и овозможите на ЕК да му препорача на Советот на ЕУ отворање на преговорите за приклучување во Унијата. Но сеуште не сме дотаму затоа што претстојат уште чекори што треба да се спроведат врз база на заслуги на секоја земја, а вашата земја има многу сопствени заслуги“, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, кој престојува во неколкучасовна посета на земјава во рамките на балканската турнеја.

"Навистина сум среќен да забележам дека вашата земја особено во последните години постигна напредоци кои уште повеќе ќе и овозможат да се приближи кон Европа. Ако продолжите така како што веќе го правите тоа, европската перспектива на земјата не е повеќе условена" изјави Јункер.

Тој порача дека треба да се помири историјата и географијата, што го направиле со многу земји, па ќе го направат и сега. Јункер кажа дека разговарал и со грчкиот премиер Алексис Ципрас и го поддржал спорот да го решава на постојниот начин.

Премиерот Зоран Заев, по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во Скопје изјави дека за Владата е прифатливо име со географска одредница, кое ќе направи јасна дистинкција помеѓу нашата држава и регионот во Грција. Тој на заедничката прес-конференција со Јункер додаде дека Владата инсистира на решение „кое ќе овозможи трајно и одржливо затворање на спорот, но со почитување на достоинството и идентитетот на двата народи и двете држави“. „Наша должност е да преземеме одговорност за оваа историска можност, да го решиме ова долгоотворено и мачно прашање помеѓу двете земји“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG