Достапни линкови

Заев повторно најави зголемување на парламентарното мнозинство


Премеирот Зоран Заев - архива

Евентуалната реконструкција и промени ќе се случат заради зголемување на парламентарното мнозинство, изјави денеска премиерот Зоран Заев по посетата на Аквадуктот во Скопје.

Заев појасни дека најавените кадровски промени нема да се прават заради какви било незаконски работи на функционерите, бидејќи во тој случај не е потребна реконструкција, туку кривични пријави и истраги пред обвинителството.

Според Заев, се разговарало со опозициските партии за да се прошири парламентарното мнозинство.

Во врска со работните групи формирани од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за законите кои се носат со двотретинско мнозинство и дали очекува амнестијата да е услов од ВМРО-ДПМНЕ за да се гласаат овие закони, премиерот Заев рече дека целта е работните групи да помогнат во реформите преку критичен осврт на опозицијата и негираше дека амнестијата е точка на разговори во работните групи

XS
SM
MD
LG