Достапни линкови

МОК ја поддржа забраната за руските спортисти на затворањето на Олимпијадата


Завршува Олимпијадата во Пјонгјанг

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) гласаше за одржување на забраната за Русија на Олимпијадата, што значи дека руските спортисти нема да можат да маршираат под националното знаме на церемонијата на затворањето во Пјонгјанг. До едногласното гласање на членовите на МОК дојде неколку минути откако извршниот одбор објави дека препорачал забраната да остане во сила и на затворањето на Олимпијадата. Со одлуката , руските спортисти ќе маршираат под ознаката Олимписки спортисти од Русија (ОАР) и знамето на Олимпијадата на церемонијата на затворање. До забраната доаѓа затоа што на ЗОИ во Пјонгчанг се појавија нови руски спортисти кои беа позитивни на допинг во Сочи во 2014 но на 168 Руси им беше дозволено од МОК да се натпреваруваат под ознаката ОАР и под олимпиското знаме. Рускиот олимписки комитет (РПЦ) рече дека се надева оти ќе ги врати своите олимписки ингеренции во наредните денови.

XS
SM
MD
LG