Достапни линкови

Русите го одбележуваат убиството на Немцов со демонстрации


Демонстрации за Борис Немцов во Москва

Демонстранти денеска маршираат во руските градови за да го одбележат убиениот критичар на Кремаљ и поранешен заменик-премиер Борис Немцов. Митинзи треба да се одржат во бројни градови низ Русија по третата годишнина од убиството на Немцов, што донсе меѓународна осуда и ги истакна опасностите со кои се соочуваат Русите кои се противат на Кремаљ. Немцов, гласен критичар на претседателот Владимир Путин, беше убиен на московскиот мост со поглед на Кремљ на 27 февруари 2015 година. Десетици поддржувачи на Немцов маршираа во Сибирскиот град Новосибирск и во главниот град на рускиот Татарстан, Казан,денеска. Во Новосибирск, демонстрантите одржаа митинг пред споменик на жртвите на политичка репресија. Маршевите што ќе се одржат подоцна во текот на денот во Москва и Санкт Петербург се очекува да привлечат поголеми луѓе. Демонстраторите што се собраа во центарот на Москва пред маршот во рускиот главен град држеа плакати со слогани на кои пишува "Јас сум против анексијата на Крим"

XS
SM
MD
LG