Достапни линкови

Северна Кореја ги отфрли новите санкции на САД како "чин на војна"


Гласање за резолуција на ОН која предлага нови санкции против Северна Кореја.декември 2017 година.

Северна Кореја ги осуди последните санкции на САД насочени кон нејзиниот режим, обвинувајќи го Вашингтон дека се обидува да го спречи подобрувањето на врските со Јужна Кореја за време на Зимските олимписки игри. Изјавата што ја прнесува официјалната новинска агенција КЦНА на Северна Кореја доаѓа неколку дена откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави нови казнени мерки за кои тој рече дека имаат за цел да извршат притисок врз Пјонгјанг во врска со северно корејската програма за нуклеарно оружје. "Двете Кореи заеднички соработуваа и Олимпијадата беше успешно одржана", наведува новинската агенција цитирајќи го северно корејското министерство за надворешни работи. "Но, САД ја донесоа заканата од војна на Корејскиот полуостров со нови санкции пред големата церемонија на затворање на Олимпијадата" објави агенцијата. Со новите санкции се опфатени повеќе од 50 бродови и фирми кои помагале Северна Кореја да ги избегнува претходните санкции, воведени поради нејзината нуклеарна програма. Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека блокадата ќе се смета за "чин на војување", според КЦНА.

XS
SM
MD
LG