Достапни линкови

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Прилеп


Поранешниот градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

Поранешниот градоначалник на Припел, Марјан Ристески доби кривична пријава за набавка на масло за греење за 2015 и 2016 година за потребите за општината, за неколку пати повеќе од потребните количини.

Ристески, според МВР, го оштетил Буџетот на општината за 41 илјада евра со набавка на над 66 илјади литри масло за двете години што е за четири пати повеќе од реалните потреби.

Како што соопшти МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ПС-ОН Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе Известување за постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ против лицата: М.Р. (46), поранешен градоначалник на општина Прилеп, Д.Р. (56), Раководител на одделение за општи и заеднички работи при локалната самуправа Прилеп, К.Н. (49) вработен како домар и лице задолжено за прием и надзор над набавката, и А.Т. (42) сектретар на општина Прилеп.

Постапувајќи по отворен предмет на ОЈО Прилеп, врз основа на наоди од Државниот завод за ревизија кои се однесуваат на набавката и трошењето на маслото за греење извршени се проверки при што е констатирано дека се набавени поголеми количини од реалните потреби по грејна сезона.

XS
SM
MD
LG