Достапни линкови

Советот за безбедност на ОН ќе гласа за сирискoто примирје


Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија зборува на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Сирија.22 февруари 2018

Советот за безбедност на ОН настојува да постигне договор за резолуцијата за прекин на огнот во Сирија и го враќа гласањето на дневен ред денеска попладне. Гласањето за предлогот за примирје за 30 дена во Сирија за да се овозможи хуманитарна помош и евакуација на повредените цивили веќе од 22 февруари е одложено неколку пати. Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини Русија, Иран и сириската влада дека се одговорни за "хуманитарна немилост" во Сирија. "Ќе кажам дека она што Русија, Иран иСирија го направија неодамна е хуманитарен срам", изјави Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа. Русија претходно изрази противење на резолуцијата, велејќи дека е нереална и дека го игнорира фактот дека голем број борци на Исламистичката држава остануваат во регионот. Францускиот претседател Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел апелираа до рускиот претседател Владимир Путин Русија да ја поддржи резолуцијата и да ја притисне сириската влада за сопирање на бомбардирањата во енклавата на бунтовниците надвор од Дамаск.

XS
SM
MD
LG