Достапни линкови

Пакистaн ќе биде вратен на листата за финансирање на тероризам?


ПАКИСТАН - Командосите на Пакистанската крајбрежна гарда ги демонстрираат своите вештини

Пакистан ќе биде вратен на списокот за финансирање на тероризмот до јуни ако не преземе понатамошни мерки против милитантите кои работат во неговите граници, известуваат медиумите. Цитирајќи пакистански официјални претставници и неименувани дипломати, Ројтерс објавија дека оперативната група за тероризам , која се состана во текот на неделава во Париз, одлучи да го врати Пакистан на својата "сива листа" Оперативната група за тероризам ги обесхрабрува банките и глобалните инвеститори да не даваат пари во земја што се ставени на сивата листа. Пакистан беше на листата од 2012 до 2015 година. Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција и Германија поднесоа барање пред работната група да го врати Исламабад на списокот поради загриженост дека не прави доволно за да се бори против милитантите. Тие рекоа дека неодамнешниот потег на Исламабад за забрана на некои добротворни организации поврзани со милитантите за кои се верува дека стојат зад нападите во Мумбаи во 2008 година, во кои загинаа 166 луѓе, не е доволен чекор.

XS
SM
MD
LG