Достапни линкови

Трамп ќе објави најголем досега пакет санкции за Северна Кореја


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вели дека ќе наметне досега најголем пакет санкции за Северна Кореја, поради нејзината нуклеарна програма. Санкциите треба да погодат повеќе од 50 бродски компании и трговски претпријатија кои и помагаат на Северна Кореја да ги избегне санкциите.

Трамп подоцна денеска треба да ги објави новите мерки, велат од неговата администрација.

Во текстот од говорот се вели дека тоа се најголемиот сет на нови санкции за Северна Кореја. Понатаму се додава дека американското Министерството за финансии треба да преземе активности за понатамошно намалување на изворите на гориво и приходи кои Пјонгјанг ги користи за поддршка на својата нуклеарна програма и за војската.


XS
SM
MD
LG