Достапни линкови

Манчевски: Владата создава услови за влез на трет мобилен оператор


Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Владата започнува со создавање на услови за влез на трет мобилен оператор, соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски додавајќи дека тоа ќе биде една од клучните теми на ГСМ Саемот оваа недела во Барселона.

Манчевски рече дека во Шпанија ќе зборуваат на теми како да се дигитализираат што повеќе услуги во образованието и здравството, но и за мрежен оператор, а не виртуелен, за што се потребни сет мерки и измени на некои подзаконски акти.

„Сите овие активности ќе бидат правени паралелно со напори да не ја нарушиме конкурентноста на пазарот, односно на другите два постоечки оператора во државата. Крајната цел е, подобри услуги за граѓаните со пониски цени“, рече Манчевски.

XS
SM
MD
LG