Достапни линкови

Тасева: целосно непочитување на законите во правосудството


Архива: Слаѓана Тасева - претседател на Транспаренси интернешнл Македонија.

Анализата на дванаесет правосилни судски случаи за предмети процесирани во изминатите десет години покажува целосно непочитување на законите и една голема потреба од сериозно преиспитување и на работењето на судиите и на судската практика во Македонија, изјави денеска претседателката на Транспаренси интернешнал-Македонија Слаѓана Тасева.

Денеска беше одржана промоција на темелна анализа „Правосудниот систем под лупа“, каде Тасева истакна дека согледувањата се поразителни.

„Очигледно е дека се направени многу повреди на законите, а со тоа и многу неправди. Почнувајќи од тоа како е определуван притворот без образложение, понатаму дека обвинителните акти не содржат конкретни дејствија и описи на дејствија за поединци кои целосно се игнорираат. Во пресудите ги нема решителните факти од тие предмети и не можеме да видиме ни кој какво дејствие сторил и за кое дејствие му е изречена мерката“, изјави Тасева.

Таа исто така посочи дека одговорноста може да биде поединечна, но оти овде одговорноста е и системска затоа што не може сите инстанци во нашето правосудство да не видат дека станува збор за незаконско работење од страна на судовите и вклучените во постапките.

XS
SM
MD
LG