Достапни линкови

Вајгл, Кукан и Фланкенштајн во недела доаѓаат во Македонија


Европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн в недела и понеделник ќе ја посетат Македонија во рамките на процесот Жан Моне.

Овој формат на средби меѓу Европскиот парламент и македонските политички лидери беше инициран кон крајот на минатата година, и има за цел да го помогне политичкиот дијалог далеку од очите на јавноста.

Тројцата пратеници ќе остварат средби во понеделник попладне со лидери на главните политички партии. Се очекува тие да се сретнат со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска и спикерот на Собранието, Талат Џафери. Други билатерални средби засега не се потврдени.

Запрашан кусо од МИА за што ќе се разговара на средбите, европратеникот Кукан одговори „политичкиот дијалог, но не и за спорот за името„.

Извори во Европскиот парламент за МИА велат оти се свесни дека во Македонија во моментов има поитни приоритети, идејата позади Жан Моне процесот е да се олесни дијалогот и да се донесе додадена вредност во тој правец. На партиите во Македонија останува да се изјаснат дали сметаат дека овој меѓупартиски дијалог е корисен или не и дали треба да се закаже нов датум.

XS
SM
MD
LG