Достапни линкови

САД ја критикуваат Русија поради убиствата во Сирија


Источна Гута, Сирија, по бомбардирањата од владините сили

САД ја критикуваа Русија поради бомбардирањето на Источна Гута во Сирија, велејќи дека Москва има „единствена одговорност“ за повеќе од 400 убиени луѓе во предградието на Дамаск во текот на овој месец. Американскиот Стејт Департмент ја повика Русија да го употреби своето влијание врз сириската влада за таа да престане да убива, во време кога американски дипломати притискаат за резолуција барајќи 30- дневно примирје во Гута. Гласањето за оваа резолуција во Советот за безбедност на ОН е закажано за денеска претпладне, но рускиот амбасадор веќе ја отфрли, со што е се поизвесно дека оваа земја ќе употреби вето.

Портпаролката Хедер Науерт ја обвини Русија дека не ги „зауздува“ сирискиот претседател Башар ал Асад и неговата армија, која изведува сеопфатна кампања за победа врз милитантите во Гута. Без руската поддршка за Сирија нема да се случуваат уништувањата и убиствата во таа земја, изјави портпаролката на Стејт Департментот Науерт.

XS
SM
MD
LG